Со цел подобрување и модернизирање на пловниот парк на езерската полиција, во тек е оглас за набавка на пет пловни објекти, набавка во вредност од над десет милиони денари, во која три од пловните објекти ќе бидат набавени со средства од договор за донација, додека два пловни објекти ќе бидат набавени од средства обезбедени од МВР“, информира министерот Оливер Спасовски при неговата посета во Охрид.

Спасовски ги посети и Полициската станица за гранични работи Свети Наум, а оствари средба и со градоначалникот на општина Вевчани, Сашо Јанкоски.

Како што рече министерот, со колегите се разговарало за состојбите и активностите во тие организациони единици при МВР, како и за степенот и квалитетот на соработката и комуникацијата меѓу полицијата и граѓаните.