Во сезоната што измина постигна повеќе од дваест гола за клубот и репрезентацијата . Американскиот интернационалец и напаѓач на Рапид , Теренс Бојд е задоволен како протекна минатата сезона, “вицепрвак“ со Рапид, успешен настап во Евролигата а се најде и на поширокиот список на Американската репрезентација за Светскиот шампионат во Бразил.

Во виенски Рапид има можност да работи со Карстен Јанкер, додека во националниот состав со Јирген Клинсман, двајца поранешни напаѓачи со слична конструкција.
– Тоа секако е голем плус за мене. Јас сум сличен напаѓач како нив. Секако дека е одлично да се учи од таков фудбалер (Јанкер) , кој ја освоил Лигата на Шампиони и секако дека мора да го слушаш се што ќе ти каже бидејќи е во право. Исто така се радувам на соработката со Клинсманкој исто така беше напаѓач од кој може и тоа како да се научи. Тие (Клинсман и Јанкер) ми даваат добри совети и е одлично да се има такво опкружување околу тебе – истакна Бојд.

– Навистина е лудо, лани играв на пријателски меч против Германија, и сите мои пријатели ме гледаа на телевизија , од детството, од школските денови и велат, го познавам него, навистина беше лудо, бидејќи секој го гледа германскиот национален состав – потенцираше Бојд.
Репрезентацијата на САД е во група заедно со Германија, Португалија и Гана. Тешка група.
– Да групата е тешка но нема примедби на тоа. Тоа е Светски куп, најдобрите нации играат тука и ако сакаш да бидеш најдобар мора да ги победиш најдобрите, на Светскиот куп се може да се случи – потенцираше напаѓачот.
Бојд како и Лендон Донован не го преживеа последниот рез и нема да патува со Клинсман во Бразил. САД првиот меч го играат на 16 јуни против Гана.
– Нормално дека сум помалку разочаран од таквата одлука, но мора да се прифати. Јас ќе бидам најголемиот навивач и подржувач на составот во Бразил – заврши Бојд.
Мирко Постоловски













