
Целта е да се идентификуваат приоритетите и чекорите за долгорочно надминување на етничките тензии кај средношколците од различни етнички групи, преку нивното учество на работилницата.
Средбата на младите од различни етнички заедници е дел од проектот „Живеење во мултиетничка средина-граѓани со еднакви права, можности и заштита“ кој е финансиран од Европската комисија и Фондацијата Институт Отоврено општество-Македонија.
Преку проектот треба да се обезбеди подобра комуникација и да се поттикне соработката помеѓу невладините организации, експертите и институциите коишто работат на полето на заштитата на малцинските права.
А.Ристоска












