Заради поволните временски услови екипите на „Паркови и зеленило“ започнаа со реализирање на годишната програма за 2018 год. за подигање и реконструкција на јавното зеленило на подрачјето на општина Охрид.

Екипите се на терен и се надополнуваат дрворедите на двете страни на булевар „Туристичка“, потег кружен тек кај гимназија до спортската сала „Билјанини Извори“, како и на улица „Асном“,  потег улица „Кеј Македонија“ до пресек со булевар „Туристичка“.

Од јавното претпријатие информираат дека е предвидено на овие локации да се засадат 70 нови садници од видот јавор и јасен.

OhridNews