Во однос на претходните три месеци невработеноста бележи намалување. Во мај во Охрид биле евидентирани 10056, во јуни 9847, а во јули 9620 невработени лица.
Во општина Струга бројот на невработени на крајот од август изнесувал 8648. Во градот работа бараат 2861 лице, додека тој број неколкукратно е поголем во руралните средини каде без работа се 5787 граѓани.
Вкупниот број на невработени во државата заклучно со месец август изнесува 303.906, што е за 22.248 помалку во однос на истиот период минатата година, кога биле евидентирани 326.154 невработени, соопшти Агенцијата за вработување.