Меѓу невработените, поголем број или 5508 им припаѓа на мажите, а останатите 5270 лица се жени. Според статистичките показатели, од вкупниот број на невработени, најголем број заземаат лицата со неквалификувана стручна спрема или 3252. Следни на листата, со бројка од 2597 лица, се невработените со квалификувана стручна спрема. Со средно стручно образование има 2524, а со вишо образование се регистрирани 355 лица. Како невработени, во Центарот за вработување во Охрид, запишани се 1025 невработени со високо образование и 10 магистри.
Лицата на возраст од над 45 години, се најброни на списокот на невработени, односно заземаат бројка од вкупно 4799 лица. Следни според оваа статистичка распределба, се невработените на возраст од 30 до 45 години со бројка од 3155 лица, а по нив со вкупно 2530 невработени се лицата на возраст од 20 до 30 години.
Според времето на чекање за вработување, најбојни се оние кои, на списоците се регистрирани од една до четири години или со вкупен број од 4072 лица. Не е мала бројката и на оние, кои вработување бараат повеќе од 8 години, такви според евиденцијата во Охрид, има 2735 лица. За 52 лица помалку или 2683 се запишани, во списоците за вработување, каде времето за чекање е до една година.