Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на работници во  индустријата во јуни 2012 година, во однос на јуни 2011 година, бележи намалување за 2,4 отсто.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јуни 2012 година, во однос на јуни 2011 година, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0.8%,
Капитални производи за 8.2%, Трајни производи за широка потрошувачка за 7.0% и Нетрајни
производи за широка потрошувачка за 3.0%.

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – јуни 2012 година, во однос на периодот јануари – јуни 2011 година, е помал за 1,7 отсто.

OhridNews