Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ, бензините и дизелот поевтинуваат за 3 денари по литар.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 3,00 ден/лит.
Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 60,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 62,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) 47,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 35,50 ден/лит.

OhridNews