Се наѕира крајот на Детската фудбалска лига во југозападниот регион. Екипата на „Фер Плеј“ во 2003/04 година го освои првото место додека Еврофудбал со драматичната победа над “виолетовите“ го презеде врвот во 2001/02 година.


Во седмата рунда од Детската фудбалска лига домаќин беше тимот на Охрид 10 Јуниор, а натпреварите се играа на “главниот“ терен од стадионот “Билјанини Извори“ што овозможи одлична фудбалска претстава.


Сите квалитети од дечињата излегоа на виделина и се постигнаа следниве резултати:

2003/04 : Еврофудбал – Воска 3-0, Велешта – Премиер 0-0, Воска – Охрид 10 Јуниор 2-5, Кораб – Ас Јунајтед 2-1, Фер Плеј – Караорман 2-2, Кораб – Велешта 3-0.


Табела : Фер Плеј 24, Еврофудбал 21, Караорман 15, Премиер 11, Кораб 11, Охрид 10 Јуниор 8, Велешта 5, Воска 2, Ас Јунајтед 1.


2001/02 : Фер Плеј (2) – Караорман 2-11, Фер Плеј – Еврофудбал 1-2, Охрид 10 Јуниор – Ас Јунајтед 5-1, Кораб – Велешта 0-2.


Табела : Еврофудбал 22, Фер Плеј 21, Охрид 10 Јуниор 16, Караорман 12, Влазними 12, Велешта 10, Ас Јунајтед 7, Кораб 4, Фер Плеј (2) 1.

2000 година : Кораб – Воска 2:1, Велешта – Влазними 3:1, Еврофудбал – ФК Премиер 5:0, Академија Пандев – Фер Плеј 4:0.

Табела : Академија Пандев 21, Фер Плеј 15, Велешта 15, Кораб 9, Еврофудбал 7, Караорман 6, Влазними 2, Воска 2, Премиер 1.

Мх.П.