Бенфика ја победи Брага со 2-1, додека Порто го “растури“ Вилјареал во првите полуфинални пресметки во Лигата Европа.

Бенфика до победата стигна со головите на Жардел и Кардосо, додека голот за надеж за Брага беше дело на Вандињо.

Порто благодарение на Фалкао, извојува висока победа од 5-1 над Вилјареал и со една нога е во финалето од Лигата.  Гостите поведоа со голот на Кани во 45 минута. Потоа следуваше шоуто на Фалкао кој четири пати ја затресе мрежата на Вилјареал.

Реванш мечевите се играат за седум дена. Финалниот натпревар се игра на 18 мај во Даблин.