По налог на општина Охрид, екипи на ЈП „Нискоградба“, започнаа активности за нивелирање и промена на оштетените капаци од шахтите.

Предвидено е во акцијата на Булевар „Туристичка“ да бидат нивелирани 49 шахти, а дополнително ќе се изврши промена на оштетените капаци и нивелација на шахтите на дел од улиците „Јане Сандански“ до „Кеј Македонија“ и од „Кеј Македонија“ до улица „АСНОМ“.

Вкупната вредност на овие активности изнесува 1 200 000 денари.

Од локалната самоуправа додаваат дека ваквата пракса ќе се применува и во иднина при секоја реконструкција на улиците низ општина Охрид.

Денес, екипи на ЈП „Нискоградба“ по налог на Секторот за комунален развој сообраќај и улици при општина Охрид започнаа и акција за отстранување на нефункционални патоказни табли, огради и други видови препреки на тротоарите на целата територија од градов.

Со акцијата е предвидено да се отстранат и стари билборди, оние на кои им е изминат договорот склучен со општината или билборди поставени без дозвола. Наредениве денови ќе се врши и замена на старите со нови автобуски постојки.

OhridNews