Локалната самоуправа со понуда до потенцијалните инвеститори на неколку локации на охридското крајбрежје, погодни за изградба на нови хотелски капацитети.

Посочените локации кои се нудат за инвестирање се во Свети Стефан, Далјан, Андон Дуков, Грашница, во комплексот Парк и постоечкиот хотел Палас.

Градоначалникот Никола Бакрачески изјави дека веќе постои интерес за инвестирање на дел од посочените локации. За некои од нив преговорите се во тек, но како сигурна инвестиција ја потенцира изградбата на хотел од ланецот Small luxury hotels чија изградба се очекува да започне во месец мај.

Како што рече градоначалникот, тоа ќе биде прв хотел во Македонија од ваков тип на хотелски капацитети со што во голема мера ќе се подигне нивото на квалитет на услуги во хотелиерството во Охрид.

Тоа ќе поттикне и други потенцијални инвеститори кои имаат намера да инвестираат во хотелскиот бизнис во Охрид да дојдат и да градат овде. Имаме најави за уште два луксузни хотели, но преговорите се уште се на почеток и не би сакал уште сега да ги откривам нивните имиња,“ рече Бакрачески.

Т.К.