На 19-ти овој месец, во 04 часот и 40 минути, на магистралниот пат Охрид-Битола, лице од ресенското село Јанкоец, извршило казнени дела „спречување на службено лице во вршење на службено дејствие“ и „физички напад“.

Според информациите на портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, пријавениот управувал патнички автомобил марка „Застава 101“ натоварен со огревни дрвја и кај селото Куратица се обидел да ја избегне контролата на овластените лица од Јавното претпријатие „Македонски шуми“, притоа ја зголемил брзината на движење и со автомобилот се обидел да избега кон селото Свињишта. Откако бил престигнат и сопрен, физички го нападнал овластеното службено лице од „Македонски шуми“  по што веднаш избегал.

Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот.

OhridNews