
Синоќа во 21:25 часот на Граничен премин „Ќафасан“, полициски службеници го лишиле од слобода Х.Д.(48) од Тетово, затоа што при контрола и проверка на документите било констатирано дека дозволата за престој во Швајцарија била фалсификувана.
Тој бил предаден на полициски службеници од Отсекот за прекуграничен криминал, странци и реадмисија Струга – Регионален центар за гранични работи Запад за понатамошна постапка, информира Министерството за внатрешни работи.
OhridNews











