Пред почетокот на новата учебна година екипи при Секторот за Комунален развој сообраќај и улици при Општина Охрид продолжува со акцијата за бележење на хоризонталната сигнализација пред основните училишта.
Во текот на денешниот ден знаците ”деца на патот” ќе бидат поставени на улиците : „ Стив Наумов“, пред ОУ „Братство-Единство“ населба Лескајца; „Димитар Влахов“ пред ОУ „Григор Прличев“;„ 7-ми Ноември“ пред ОУ „ Братство- Единство“, „ Питу Гули“ пред ОУ „ Христо Узунов“.
Акцијата е дел од мерките за безбеден,непречен и сигурен почеток на новата учебна година, договорени на последниот координативен состанок.
Надлежните служби од овој сектор изминатиов период освен обновување на хоризонталната и вертикална сигнализација, извршија и поставување на патокази и сообраќајни знаци.
OhridNews