До крајот на идната година се очекува да биде обновена Мустафа Челеби џамијата во Струга.
Како што јавува „Спектра“, во мометнов интензивно се работи на реконструкција и санација на овој верски објект, а проектот за реставрација се реализира со помош од Турската агенција за соработа и координација ТИКА. Веднаш до џамијата ќе никне и новото седиште на струшкото муфтиство.
Инаку, во 2012 година уривањето на заштитената џамија во Струга предизвика поделеност, но и револт помеѓу муслиманските верници во земјава, но и надвор од неа. Непосредно по тој чин беше разрешен тогашниот муфтија Ферад Полиси, а на негово место беше поставен Салим Сулејмани.
OhridNews