Во Охрид денеска свечено беше отворена канцеларија на компанијата за маркетинг и специјализирани услуги Т&С Македонија, четврта по ред во државава.

По направените истражувања на теренот дојдовме до сознание дека има потреба од отворање на канцеларија и во Охрид, која би броела од 20 до 25 вработени плус администрација вели Велија Абдија, управител и директор за Т&S Македонија.

Работиме за швајцарскиот пазар маркетинг услуги со здравствени, имотни, патнички, животни осигурувања за сестринската компанија со седиште во Цирих, Швајцарија. Првата канцеларија беше отворена во Скопје со пет до седум вработени, додека за брзо бројката на вработени се дуплираше за да во октомври 2019 ја увидовме потребата на пазарот од отворање на нови канцеларии и нови вработувања. – вели Абдија.

Поради географската положба во државава решивме да отвориме канцеларии во помалите градови кои ќе ги спојат големите градови, како што беше канцеларијата во Ресен, која го покриваше охридско-струшкиот и битолско-прилепскиот регион додава Абдија.

Истата година 2019, во декември се отвори канцеларија во Тетово, каде имаме 40 вработени, а во 2020 во време на пандемијата почнавме проект за анкетари и имавме вработено 60 лица. Но, поради пандемијата овој проект во февруари во 2021 беше откажан и продолживме повторно со маркетинг услугите, истакнува Абдија.

Во моментов телемаркетинг сервис брои над 100 вработени. Со сестринската фирма ИМ Кол во Приштина, трите фирми заедно имаат над 400 вработени. Спаѓа во група на Кол центри, но, како што истакнува Абдија, за разлика од некои Кол центри кои работат на „црно“, Т&С Македонија легално и законски ги нуди сите услови за вработените. Потребен е само условот идните вработени да имаат познавање од германски, албанскиот, српскиот, турскиот, шпанскиот, португалскиот, италијанскиот јазик.

Плановите за во иднина ни се проширување и во источниот дел на државава, додава Абдија.

На свеченоста присутни беа претседателот на Т&С Македонија, Арџент Имери, многу гости, како и вработените од тимот на Т&С Македонија.

Н.С.Ј.