Како дел од активностите кои ги презема Општина Охрид за обновување на урбаната опрема, деновиве се врши поставувањето на нови клупи за седење на неколку локации во градот.

Извршена е замена на старите и дотраени клупи за седење во „Холандскиот парк“; паркот помеѓу улиците „Даме Груев и „Јане Сандански“ паркот „Билјанини извори“. Нови клупи ќе бидат поставени на градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“; паркот покрај градскиот кеј, во стариот  дел на градот и на други јавни локации, информираше градоначалникот Георгиески.

Исто така, наскоро ќе започнат активности за замена на старите и поставувањето на нови корпи за отпадоци на најфреквентните локации во центарот на градот.
Согласно склучениот договор за набавка, за поставувањето на новата урбана опрема, од општинскиот буџет ќе бидат издвоени вкупно 2.252.000 денари.

 

ОhridNews