Оштетените скалила и пристапни патеки кај црквата ,,Св. Богородица-Челница’’ во иднина ќе станат пофункционални за туристите и верниците кои често пати го посетуваат овој дел од градот. Ова се должи на работните активности за уредување и реконструкција, кој денес ги започнаа екипите на Јавното претпријатие „Нискоградба“ од Охрид.
Според информациите кои ги добивме од надлежните, со акцијата за обновување биле опфатени и околните патеки, на кои старите и оштетени камени коцки се заменуваат со нови и се поставува травентин.
Вакви акции за просторно уредување во стариот дел на Охрид ќе следуваат и во иднина.
OhridNews