Се заострува војната со фудбалската мафија во Србија. Драган Џајиќ останува во затвор, а се очекува и апсење на вдовицата на Аркан, пејачката Светлана-Цеца Ражњатовиќ, бивша претседателка на фудбалскиот клуб Обилиќ.

Цеца и Џајиќ се обвинети за милионски малверзации во фудбалските трансфери. Цеца како претседателка на фудбалскиот клуб Обилиќ, по убиството на Аркан, ги презела сите бизниси во клубот, а најважна и била продажбата на играчи. Преку своите заштитници Легија и Земунскиот клан, ја продала целата екипа во странство. Истражните органи велат дека притоа незаконски присвоила дваесет и три милиони германски марки.

Додека се очекува апсењето на Цеца, случајот на Драган Џајиќ ја подели Србија. Додека едни го поздравуваат расчистувањето на состојбите во фудбалот, други тврдат дека таква фудбалска легенда не заслужува понижување со лисици на рацете.

ohridnews