Според најновите информации од Авто- мото сојузот на Македонија, сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по суви и чисти коловози.
Сообраќајот на патниот правец Гостивар – Кичево преку мостот на 1,5 км пред Стража, каде минатата недела имаше застој и долги чекања, а беше забрането движење на товарни возила и автобуси, е нормализиран и е прооден за сите видови на возила.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради очекуваната зголемена фреквенција на возила денес во
попладневните часови, сообраќајот на патниот правец Гостивар-Маврово во
близина на Ново Село се одвива во две коловозни ленти и се регулира од страна на полицијата.
На граничните премини можни се подолготрајни задржувања од вообичаеното време за влез и за излез од државата.












