Според прогнозите, времето во Македонија денеска ќе биде претежно сончево со мала локална облачност и со слаб ветер од северен правец. По одделни котлини ќе има услови за слаба утринска магла. Температурата ќе се движи од 17 до 25 степени.
И во текот на утрешниот ден ќе продолжи периодот на стабилно и суво време со поизразен ветер во Повардарието. Наутро во дел од котлините може да се очекува и намалена видливост.
Утринските температури од петок и сабота полека благо ќе опаднат, но и понатаму ќе се задржи топло време за овој дел од годината.
OhridNews