
Во знак на почит кон жртвите од чикашкиот штрајк, Втората интернационала на својот оснивачки конгрес во 1889 донесе декларација со која се повикуваат работниците од целиот свет на демонстрации на 1 Мај со цел подобрување на својата положба. Оттогаш, традиционално, на 1 мај секоја година во повеќе земји ширум светот се одржуваат демонстрации во знакот на одбележувањето на Меѓународниот ден на трудот. 1- ви Мај е државен празник во повеќе земји во светот, меѓу кои и Македонија.
Традиционално охриѓани и гостите кои престојуваат во градот, Денот на трудот ќе го одбележат со подготвување скара или прошетка во природа. Годинава и времето им оди на пролог на „работниците“ кои се подготвени да ги рапалат првомајските скари.












