Меѓународниот ден на трудот, 1 мај се одбележува во знак на почит кон жртвите на штрајкот што се одржа од 1 до 4 мај 1886 во Чикаго, организиран со цел воведување на 8-часовен работен ден. При тоа, била употребена сила од страна на полицијата, при што имало и жртви. Подоцна, организаторите на штрајкот биле изведени на суд, при што четворица од нив и погубени.

Во знак на почит кон жртвите од чикашкиот штрајк, Втората интернационала на својот оснивачки конгрес во 1889 донесе декларација со која се повикуваат работниците од целиот свет на демонстрации на 1 мај со цел подобрување на својата положба. Оттогаш, традиционално, на 1 мај секоја година во повеќе земји ширум светот се одржуваат демонстрации во знакот на одбележувањето на Меѓународниот ден на трудот. 1- ви мај е државен празник во повеќе земји во светот, меѓу кои и Македонија.



Дел од охриѓани и гостите кои престојуваат во градот, планираат  денот да го одбележат со подготвување скара или прошетка во природа. Останатите да се релаксираат во некој од бројните ресторани или кафулиња долж крајбрежјето. Се разбира, ако  тоа го овозможат и временските услови, затоа што како по традиција- за први мај времето е променливо со чести врнежи од дожд.

OhridNews