Собирно место на учесниците во Мировниот марш во Охрид, е просторот на Организацијата, некогашната дирекција на “Гранит” , во 11:00 часот.
Подоцна, на плоштадот Св. Климент Охридски ќе се оддржи прослава, при што ќе биде положено свежо цвеќе на бистите на паднатите борци и илинденци во Градскиот парк, а пред присутните ќе се обрати и потпретседателот на Сојузот на борци – Охрид, Никола Стефаноски. Ќе биде прочитана и пораката на Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-Мун.