Со отворање на спомен дом и презентација на фотографии и документи во објектот на старото училиште, утре, во селото Црвена Вода- општина Дебрца, ќе се одбележат 69- години од издавањето на манифестот на Главниот штаб на НОВ и ПОМ и останати настани кои оставиле белег од НОВ и револуцијата во 1943 година.

Како што вели претседателот на општинската организација на Сојузот на борците од Охрид и Дебрца, Гоце Георгиевски, манифестот според неговото значење може да се спореди со Крушевскиот манифест од 1903 година и Манифестот на Првото заседание на АСНОМ, од август 1944 година.

Георгиевски со предлог, државата, да ја дозволи српската прослава во Зебрњак кај Куманово, со цел да се добие одобрение Србија за прославување во „Прохор Пчињски“.

– Ако веќе во Дебрца и Црвена Вода имаме настани рамни на Прохор Пчињски, ако се што се случило во манастирот Прохор Пчињски е подготвено во Црвена Вода, еве  повод нашата држава, историчарите и јавноста, низ еден национален консензус, да се договорат повеќе никого да не молиме, вели Георгиевски.

OhridNews