Со пригодна свеченост, Општинската организација на СБ од Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија 1941-1945 и граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебарца денеска ќе ја одбележи 70 годишнината од битката кај Српница – Охридско.

По тој повод делегација на организацијата ќе положи свежо цвеќе на споменикот на паднатите борци од НОБ во село Лешани и на споменикот на паднатите борци од НОБ на споменикот во Српница.

 За значењето на овој настан пригодно обраќање ќе имаат Гоце Георгиески – претседател на ОО на СБ за Охрид и Дебарца и Крсте Крстаноски – учесник во НОАВМ.

Со намера да ги ослободат комуникациите за врска со армиската Е група германските и бугарските окупаторски војски заедно со балистичките формации против единиците на НОВ И ПОМ ја презедоа пролетната офанзива што траеше од 24 Април до 19 Јуни 1944 година. Во рамките на ова офанзива при крајот на април Првата-Македонско-Косовска-Ударна бригада го отпочнала походот од Егејска Македонија кон Дебарца за да ја поврати слободната територија Дебарца и го ослободи сопствениот народ од невидениот терор, грабежите, палењата, силувањата и убиствата. Се до 8 мај бригадата водела офанзивни борби, посебно кај селата Завој, Велмеј, Лешани , Брежани – во месноста Српница, Слатино, Оздолени, Цер, Арбиново, Лактиње и други. Во борбата на бригадата при пробивот на бугарскиот непријателски обрач на 29 април 1944 година во месноста Српница животите ги положија 13 борци, кои со своите млади животи и пролеана крв се втемелија во создавањето на првата слободна македонска држава.

OhridNews