Сто години по потонувањето на „Титаник“ од двете страни на Атлантикот денеска им се одава чест на жртвите од трагедијата што се случи на 14-ти април 1912 година во 23.40 часот. Легендарниот пароброд потона на 15-ти април во 2.20 часот.

Во морето каде потона „Титаник“ беше фрлено цвеќе, а свеќи се палеаво канадското пристаниште Халифакс каде што се погребани многу жртви.

Бродот „Титаник” на британската компанија „Вајт стар Лејн”, бил вториот од три брода близнаци до типот „Олимпик”. Тој бил најголемиот и најлуксузен патнички брод на светот во времето на неговата изградба. Во текот на својата прва пловидба од британскиот пристанишен град Саутемптон до Њујорк, САД, на 14-ти април 1912 година, „Титаник” се судри со санта мраз и потонал за 2 часа и 40 минути во 2.20 часот. Според различни извештаи, во несреќата животите ги загубиле меѓу 1.400 и 1.517 луѓе, а околу 507 биле спасени, од вкупно 2.208 патници и членови на екипажот.

Патниците на туристичкиот крстотувач „Azamara Journes” кој исплови од Њујорк на 10-ти април 2012 година со 440 патници коишто за ова уникатно патување платија најмалку две и најмногу десет илјади долари допловија ноќта во сабота кон недела на местото на коешто потона „Титаник“ на 3.800 метри длабочина. Еден век подоцна точно во минута, од звучниците на бродот беше повторено предупредувањето на капетанот дека „Титаник“ удрил во санта мраз. Во спомен на загинатите во трагедијата беше отслужена свечена литургија.

На комеморативното патување заплови и луксузниот брод „Балморал“ кој исто како и легендарниот пароброд, исплови од британското пристаниште Саутемптон со точно 1.309 патници, колку што се качиле и на „Титаник” на 10-ти април 1912 година, точно во 16 часот. Капетанот и членовите на екипажот положија три венци во морските води.

„Балморал” ја повтори рутата на Титаник од трагичната ноќ во 1912 година. Бродот пловеше до пристаништето Шарбур во Франција и запре во Коби, пристаниште на западниот брег на Ирска во којашто „Титаник” впловил на 11-ти април 1912 година. Потоа „Балморал” го продолжи патот преку Атлантикот до местото каде што потона „Титаник”. Во 2.20 часот на 15-ти септември, кога пред сто години паробродот се судрил со санта мраз, се одржа комеморација во знак на сеќавање на жртвите.

Двата брода за три дена треба да допловат до Њујорк.

Во Белфаст денеска е отворен парк посветен на споменот на жртвите од бродоломот на „Титаник“. Политичарите и потомци на настраданите присуствуваа на откривањето на споменикот со пет бронзени плочи со имињата на сите жртви од несреќата на бродот.

Комеморација денеска се одржа и во Во Халифакс, каде што почиваат 121 загинат во трагедијата на “Титаник“.

OhridNews
Извор: Макфакс