Советот за државјанство на Бугарија ги отфрлил првите 200 незаконски поткрепени барања за бугарско државјанство, откако беа откриени големи пропусти во работата на Државната агенција за Бугарите во странство, во врска со издавањето потврди за бугарско потекло без соодветни докази и документи, информира „ Дневнк“.
Не се знае колку од одбиените се Македонци. Одбиените барања биле со незаконски потврди за бугарско потекло и роднински врски со Бугарија, туку само со рачно пополнети изјави на кандидатите за бугарска самосвест. Во наредниот период ќе бидат разгледани уште стотици вакви спорни барања.
Засилените мерки против пасошката мафија се преземени откако Државната агенција за Бугарите во странство одбила да соработува со Министерството за правда и Врховното обвинителство, кои уште минатата година утврдиле низа недоследности и незаконско работење во оваа институција. Агенцијата, без да ги почитува законот за бугарски граѓани и законот за Бугарите надвор од државата, издавала потврди за бугарско потекло, само врз основа на изјави на барателите. Веќе три дена инспектори од Дирекцијата „Главен инспекторат“ на Министерскиот совет вршат засилени контроли во Агенцијата.
Според информациите со кои располага „ Дневник“, Македонците и натаму остануваат први на листата со добиени бугарски пасоши. Од вкупно 4.578 лица, кои добиле бугарско државјанство во првите девет месеци од оваа година, 1.720 се Македонци. Минатата година, пак, 4.852 Македонци обезбедиле бугарско државјанство од вкупно издадените 7.701 уверение.
OhridNews
извор Дневник