Викендов во организација на “ИБ“ фитнес центарот ќе започне турнирот во пинг понг. Пријавувањето завршува в петок, кога и ќе се одреди системот на натпреварување.

– Интересот е голем за турнирот во пинг понг турнирот. Пинг понгот се повеќе зема замав во Охрид, затоа ние на нашите рекеативци им овозможивме силите да ги одмерат на турнир – истакнаа од “ИБ“ центарот.


Победниците од првиот турнир во пинг понг.

Стартот на турнирот е закажан за в сабота на 27 април, а ќе се одржи во ултра модерните просториите од “ИБ“ фитенс центарот.

Мх.П.