Синоќа  во  селото Велгошти во близина на манастирот „Света Петка “ по 26- ти пат се   одржа традиционалната манифестација  „Вечер на Чинго“. Пред присутните во свое и од име на градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, се обрати заменик градоначалникот Ангел Јанев, кој се осврна на делото на Живко Чинго.

– Познавачите на делото на Живко Чинго порачуваат дека една од главните особености на чинговата проза е симболиката. Ако сакаме да ги осознаеме идеите на Чинго, во прозата која ја пишувал мора да навлеземе во неговиот свет, кој навидум бил имагинација, замислен, но го отсликувал  политичкиот, социјалниот и општествениот живот на времето во кое живеел.

Големината на Чинго, во сите негови дела, е со дар на народен раскажувач, да ги меша времињата, сегашноста и минатото. Еве и денес,  преку делата на овие автори,  на овој свечен настан,  сме сведоци,  дека духот и идеите на Чинго живеат со и во нас“, истакна Јанев кој  на Верче Карафилоска автор на расказот “Коси од розева волница“   и  ја додели наградата во вредност од 30 илјади денари,   што  ја доделува Општина Охрид  за  најдобар кус расказ.

OhridNews