Во националната установа „Григор Прличев“, денеска, се одржа Општинскиот натпревар „Млади библиотекари“.

На натпреварот учествуваа 15 ученици од основните училишта: „Св Климент Охридски“, „Григор Прличев“,  „Христо Узунов“ , „Живко Чинго“,  „Кочо Рацин“,  „Св. Наум Охридски“ и „Ванчо Николески“.

Резултатите од натпреварот ќе бидат познати во текот на следната недела, а најдобриот ученик ќе ја претставува општина Охрид на Републичкиот натпревар во Демир Хисар.

Организатор на натпреварот е Библиотекарското здружение на Македонија.

OhridNews