Се одржа првиот академски час за новите студенти и на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид за учебната 2022/2023 година.

Пред студентите се обрати деканот на Факултетот, Проф. д-р Снежана Дичевска, која им ги врачи и индексите, а говореа и дел од професорите.

Инаку на Факултетот денес се одвива и четвртиот уписен рок, а слободни има 49 места за редовни студенти во државна квота, 96 за редовни со само финансирање и 48 места за вонредни студенти.

OhridNews