Деновиве екипите на “Паркови и зеленило” ги освежуваат градските паркови со нов саден материјал кој ќе ги украсува парковите во есенскиот период.


Се засадуваат 4.000 садници од видовите хибридна виола-оче и диантус-каранфилчиња, кои се од сопствено производство од топлите леи на расадникот.


Парковите оваа година ќе се освежат со засадување на нов расад уште еднаш во месец декември за кога е планирано засадување на 8.000 садници, информираат од јавното комунално претпријатие.

OhridNews