Локална самоуправа започна со отстранување на дел од билбордите.
– Дел од нив се отстрануваат бидејќи се запленети од Управата за јавни приходи и поради тоа нема склучен договор со општина Охрид. По извршениот инспекциски увид на надлежните служби и по реакциите на граѓаните, во наредните денови ќе се отстрануваат и оние билборди кои претставуваат потенцијална опасност за минувачите, објаснуваат од локалната самоуправа.
Оттаму, додаваат дека ќе се отстрануваат и билборди од фирмите сопственици на кои им е истечен договорот за нивно поставување.
Предвидено е наскоро да се донесе програма со која ќе се унифицира изгледот на билбордите,како што велат од локалната, со што градот ќе добие поубав и помодерен изглед.
OhridNews