Општинските инспекциски служби заедно со екипи од ЈП „Охридски комуналец” и СВР Охрид, денес реализираа координирана акција за отстранување на нелегално поставената урбана опрема пред угостителски објекти во охридската чаршија.

  • Акцијата беше спроведена врз основа на претходни инспекциски контроли, со кои биле утврдени локациите и угостителските објекти каде биле поствени маси, столови и друга урбана опрема, без одобрение за поставување и надвор од Програмата за поставување на урбана опрема, велат од локалната самоуправа.

Додаваат дека ваквите акции и контроли ќе продолжат и во текот на наредниот период.

OhridNews