Само еден ден по дадените ветувања на македонската делегација пред претставниците на УНЕСКО во Париз дека Охридскиот регион ќе биде заштитен од понатамошна девастација, денес во Охрид, почнаа интервенции за отстранување на диви објекти долж крајбрежјето.

Охридњуз во Горица 3 го забележа демонтирањето на одамна поставениот рекреативен тобоган на овој локалитет. Со градежна механизација и поголем број на работници беа отстранети сите елементи на рекреативниот ресурс, по што екипите што интервенираа ја напуштија локацијата.

При интервенцијата имаше присуство и на екипа на МВР.

Од Општина Охрид информираат дека интервенцијата нема никаква поврзаност со УНЕСКО, туку се работи за акција на Општина Охрид.

Општина Охрид го отстранува тобоганот во Горица 3 како небезбеден и руиниран  објект,  посочува Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков.

Охридњуз и понатаму ќе ја следи состојбата со идните понатамошни активности со ризичните објекти покрај брегот на Охридското Езеро.

OhridNews