Надлежните служби при Општина Охрид соопштуваат дека започнува отстранувањето на „диво“ поставените тезги и на друга урбана опрема. Оваа активност континуирано ќе се одвива од страна на општинскиот инспекторат и држаните инспектори.

Ќе бидат отстранети и тезгите односно урбана опрема чии сопственици не го регулирале поставувањето на опремата и не ги подмириле обврските за плаќање закуп за минатата година.


Легалните тезгаџии да платат, нелегалните ќе се отстрануваат

Правните субјекти кои сакаат да користат урбана опрема на јавните површини на подрачјето на општината се должни да ги регулираат своите обврски и права со соодветен договор и да набават дозвола односно согласност за поставување и користење урбана опрема од Секторот за урбанизам.

Продажбата на бижутерија, текстилни производи, сувенири и ракотворби е дозволена само во рамките на градскиот пазар. Заинтересираните за ваква продажба треба да се обратат до службите на јавното претпријатие „Охридски Комуналец“.

Ohridnews