Во тек се активности за отстранување на платформите од угостителските објекти на крајбрежјето, во стариот дел од градот.

По добиените решенија за  извршување пред два дена, дел од угостителите ја известиле локалната самоуправа дека сами ќе ги отстранат платформите, што денес и се реализира.

Активности се во тек во објектите Ноа, Ликвид, Далга, Кадмо, а на терен присутна е полиција и надлежен инспектор кои следат дали и како се спроведува акцијата.

Како што изјави градоначалникот Константин Георгиески, на угостителите им е даден рок од три дена по добивањето на решенијата да ги отстранат платформите во езерото, во спротивно тоа ќе го направи општината, а трошоците ќе треба да ги платат угостителите.

Платформите ќе се отстрануваат целосно, како на угостителските објекти, така и на плажите.

OhridNews