Охриѓани кои сакаат здраво и природно да се хранат од денеска ќе имаат можност да набават голем број интегрални и органски производи во продавницата за природна и органска храна „Биокосмос“. Оваа специјализирана продавница која е прва од ваков вид во Охрид, ќе биде свечено отворена вечерава со почеток во 18 часот, а како специјален гостин на отварањето се најавува билкарката Баба Рада.
Продавницата „Биокосмос“ е сопственост на компанијата „Аронија здрава храна“ која повеќе од 10 години успешно пласира програма на природна и органска храна на македонскиот пазар. Компанијата веќе поседува 7 специјализирани продавници за природна и органска храна во кои ја има застапено целата своја производствена и продажна програма, од кои шест се наоѓаат во Скопје и една во Велес. Освен во своите малопродажни објекти, „Аронија здрава храна“ своите производи ги пласира во поголемите маркети и дрогерии и во други продавници за здрава храна.
Дел од палетата производи на компанијата е домашното производство на здрава храна, производи како интегрални колачи, интегрални тестенини, комбуха, сок од аронија, безглутенски производи. Како увозни производи на компанијата се јавуваат повеќе категории на храна како сертифицирана органска храна (житарки, мешунки, семиња), органска супер-храна (најчесто овошја или алги во прав кои изобилуваат со нутриенти), макробиотска храна, магнезиум хлорид, зачини, чаеви и др.
Веб страната на компанијата www.bionaestore.mk е електронска продавница за здрава храна преку која се врши достава на здрава храна низ цела Македонија.
„Аронија здрава храна“ е спонзор на книгата „Билките на Баба Рада“, која ќе биде промовирана во рамки на свеченото отворање на продавницата „Биокосмос“ во Охрид. Продавница е лоцирана на булевар Туристичка бр.50/4-2.
OhridNews