Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски, денеска најави дека наскоро ќе се отвори Национална канцеларија за трансфер на технологии во која сите заинтересирани на едно место ќе можат да ги добијат сите неопходни информации за примена на нови технологии и иновации.Со отворањето на Канцеларијата се очекува значително да се подобрат технолошките капацитети на домашната индустрија преку намалувањето на јазот помеѓу знаењето и достигнувањата достапни на глобално ниво и во нашата држава.
Националната канцеларија за трансфер на технологии, ќе има и регистар на експерти за разни индустриски области од земјава, и регистар на достапни лаборатории и услуги на лабораториите.
„Целта на нејзиното основање е да се централизира понудата на услуги од типот на советување на македонските компании во делот на интелектуална сопственост, заштита и права, увоз, односно приспособување и примена на технологии и иновации кои не се нови во светот, но може да бидат нови кај нас, како и за учество во програмите на ЕУ преку подучување за начинот и постапката за аплицирање со проекти“, рече Ристовски.
Техничка опременост и целосната функционалност на Националната канцеларија финансиски ќе биде овозможена од Министерството за образование и наука, во рамките на „Проектот за развој навештини за поддршка на иновации“. Почетниот буџет за овој проект изнесува речиси еден милион евра.
OhridNews