Се палат државните знамиња на Македонија и Албанија
24.11.12 15:31
Синоќа во Тирана и во Тетово се палеа државните знамиња на Македонија и Албанија. Во центарот на главниот град на нашиот сосед, палењето и симнување на македонските знамиња беше регистрирано на видео снимка. Во тетовскиот регион, полициските службеници во текот на ноќта регистрирале исти вакви случаи, но овој пат настрадале албанските знамиња.
Од министерството за внатрешни работи на земјава, најостро ги осудуваат овие вандалски чинови и очекуваат брзо расветлување на случаите. „Ваквите нецивилизирани акти не се во прилот на добрососедски односи помеѓу двете земји. Настанот со палењето на македонски знамиња во Тирана е за време на официјлана посета на државниот врв од земјава. Не треба да се дозволи да се нанесува штета на односите, кои сакаме да ги градиме во духот на европските вредности. Македонската амбасада во Тирана, со вербална нота реагира до албанското ресорно министерство и очекуваме најостро санкционирање на сторителите“ – се вели во денешното официјално соопштение од МНР.
Во текот на ноќта тетовската полиција регистрирала два вакви случаи. Непознати сторители го запалиле албанското знаме кое било поставено на автопатот Тетово – Гостивар, на надвозникот кај Горно Седларце. Исто така, пред Центарот за култура во Тетово полцијата имала судир со лице, кое претходно го извадило албанското знаме поставено на објектот. Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, апелира до граѓаните да не потпаѓаат на било какви провокации.
„Некој можеби со право се чувствува испоровоциран, но граѓаните треба да се воздржат од секакви акти на насилство зашто еден инцидент, води кон друг, а тоа нема да ги смири тензиите. Сите вакви инциденти ќе бидат најостро санкционирани, а сторитителите кривично гонети“ – вели Јанкулоска.
Учениците од ООУ „Григор Прличев“ постигнаа извонредни резултати на Државниот натпревар по македонски јазик кој се одржа во Скопје Теодора Наумова од VIII одд се круниса со наградата – државен прва...
Успешно заврши манифестацијата „Детски Прличеви беседи“ што годинава се одржаа по трет пат во организација на ЗГ „Охрид Култ 366“, а под покровителство на Општина Охрид Ученици од повеќе македонски...
Единаесеттото издание на Меѓународниот аматерски младински театарски фестивал „Вдиши театар“ ќе биде отворено вечерва со претставата „Маски“ во предворјето на црквата Света Софија со почеток во 20:...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.