СВР Охрид поднесе кривична пријава против 65- годишен охриѓанец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 5- ти август, 44- годишно лице го паркирало своето патничко возило „мерцедес“ пред куќата на пријавениот со што го попречил влезот од куќата.
Поради тоа настанала расправија, во која сопственикот на куќата со дрвен предмет му нанел тешка телесна повреда на лицето кое го паркирало возилото.
OhridNews