Еден од најдобрите фудбалери на светот Португалецот Кристиано Роналдо одбил нов договор со Реал Мадрид и нема намера да остане на „Сантјаго Бернабеу“ по јули 2015 година кога му истекува договорот.


Раководството на Реал Мадрид му понудило на Кристиано Роналдо нов договор, меѓутоа португалскиот репрезентативец одбил да ја продолжи соработката со „кралскиот“ клуб.

Како што пишува шпанскиот спортски дневен весник AS, Роналдо во Мадрид е несреќен и парите во неговата одлука не играат никаква улога.

Дел од британските медиуми шпекулираат дека Роналдо може да се врати во Манчестер Јунајтед од кој во 2009 година мина во Реал за сума од 93 милиони евра, со што стана најскапиот фудбалер во историјата. Менаџерот на Јунајтед сер Алекс Фергусон веднаш се огласи порачувајќи дека би сакал Кристиано да се врати на „Олд Трафорд“.

„Би сакала повторно да го видам во нашата екипа, но тоа е речиси невозможно. Не сум запознаен со деталите од неговиот договор“, рече Фергусон.

Инаку богатиот француски прволигаш Пари Сен Жермен, исто така, има намера да го ангажира португалскиот двоец од мадридски Реал, односно Роналдо и тренерот Жозе Мурињо.

Ohridnews