Вчера и денеска се одржа работилница за подготовка на Aкциски план за родова еднаквост во општина Охрид, на која учество зедоа членови на градскиот совет и претставници на општинската администрација.
Модератор беше Марија Ристеска, консултант за родово одговорно буџетирање.
На работилницата се разработуваа концепти и родово одговорни политики на локално ниво. Одржаната е прва од серијата работилници што на оваа тема ќе се одржат во Охрид до крајот на годината, а треба да резултираат со изготвување на Aкциски план за родова еднаквост во општина Охрид.
OhridNews














