Уметничките дела кои што ќе се изложат, треба да бидат инспирирани од животот и делата на Св. Климент и Св. Наум. Најавената репрезентативна ликовна изложба ќе биде проследена со пригоден каталог со репродукции на делата, со воведен текст на македонски, италијански и руски јазик, а во него ќе бидат поместени фрагменти од Свети Климентовите „Пофални слова“ и најубавите песни од современите македонски поети, посветени на Климент и Наум.
Асоцијацијата за култура по презентацијата во Скопје планира да конкурира за обезбедување на финансиски средства за изложбата во 2011 година, да биде претставена и во Рим, на традиционалните Денови на „Св. Кирил и Методиј“.
Во овој значаен проект за одбележувањето на јубилејот значаен за севкупниот словенски свет, учествуваат уметниците: Васко Ташковски, Глигор Чемерски, Благоја Дрнков, Симон Шемов, Павле Кузмановски, Петар Попчев, Благој Чушков, Стефан Хаџиниколов, Доне Милјановски, Ставре Димитров – Стадим, Илија Спасовски – Чендо, Слободан Живковски , Ангеле Нацевски и други.