Нова Програма за одржлив развој на локалната самоуправа во Република Македонија започна да подготвува Работната група за децентрализација која е предводена од претставници на Министерството за локална самоуправа.

Оттаму информираат дека се работи на Методологијата за новата Програма која што ќе произлезе од мерките и проектите од Програмата на Владата на Република Македонија за периодот 2014 – 2018, кои што се однесуваат на локалната самоуправа.

-Исправени сме пред предизвикот на планирање на новиот документ посветен на развојот на децентрализираната власт во Република Македонија. Тоа треба да биде шестиот програмски документ посветен на оваа област. Министерството за локална самоуправа и Владата на Репубика Македонија остануваат посветени на понатамошен развој на  локалната самоуправа, како основен предуслов за создавање економски посилни, развојно ориентирани и инклузивни единици на локалната самоуправа, информираат од Министерството.

Оттаму нагласуваат дека значајно е да се истакне дека новата програма првпат има за цел да опфати подолг, петогодишен период, наместо досегашните тригодишни документи.