Отворената сцена, некогаш позната како Кино бавча, во рамки на Центарот за култура „Григор Прличев“,  ќе биде отворена оваа летна сезона.

Подготовките се во тек- се санираат оштетувањата, просторот се расчистува од старите непотребни предмети, се со цел наскоро да може да се користи како уште една сцена на која ќе можат да се оддржуваат музички или драмски изведби.

–    Со средства од министерството за култура беше направена бината, а со сопствени средства и од спонзори се врши доуредување на просторот. Како што ќе има прилив на средства, така ќе се вложува во уредувањето. За почеток, намерата е просторот  е да се уреди за претстојните настапи, а потоа доколку има можност и да се користи и за кино- проекции на отворен простор, вели директорката на Центарот за култура, Драгана Боцевска.

Капацитетот на просторот, кој со години не се користи и беше запуштен,  е 200 гледачи.

OhridNews