Денес, ЈП “Охридски Комуналец” врши подигање на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети,теписони и др.) и зелен отпад во 8-ма Урбана единица. Со акцијата се опфатени улиците: “Никола Карев”, “8-ми Септември”, “Мирче Ацев”, “Лазо Трпоски”, “Галичица”, “Ванчо Питошески”, “Карпош Војвода”, “Сирма Војвода” и други споредни улици од овој реон.

Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад да го извадат најдоцна 10 часот на места кои се лесно пристапни за возилата на јавното претпријатие или до контејнерите.

OhridNews