Ј.П.”Охридски Комуналец”, организира акција за подигање кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети,теписони и др.) и зелен отпад во населбата “Гоце Делчев” (позната како “Бараки”), со која ќе бидат опфатени сите улици во оваа населба, вклучувајќи ја и улицата “Момчило Јорданоски” со сите споредни улици.

    Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад да го извадат најкасно до 10 часот на места кои се лесно пристапни за возилата на јавното претпријатие или до контејнерите, со претходно пријавување на локацијата на дежурниот телефон 046/265-353, за да може Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено да го подигне.

OhridNews